Поради скапиот роаминг, 47% од жителите на ЕУ не користат мобилен надвор од својата земја

44

SMARTPHONES Smartphones Во извештајот на Европската комисија за употреба на мобилните телефони од страна на земјите членки на ЕУ во текот на патувањата, наведено е дека 94% од жителите на Унијата, поради високите цени на роамингот, многу малку го користат мобилниот телефон, а со тоа и интернетот.
Според овој извештај, 47% од жителите на ЕУ никогаш не го користат мобилниот интернет во друга земја, поради високите цени за роаминг.
Истиот извор наведува дека само 10% од државјаните на ЕУ, при патувања во други земји користат електронска пошта, а додека пак само 5% на роаминг се користи за социјалните мрежи.
Според истражувањата на Европската комисија, само 8% од Европјаните при престојот во други земји го користат мобилниот телефон како кога се дома, а додека пак 30% воопшто не го користат.
Во истражувањето е нагласено дека жителите на Унијата, главно, преферираат да праќаат кратки пораки наместо да разговаат на телефон додека се во странство.
Комесарот за дигитална технологија на ЕУ, Нели Крос, изјави дека е шокирана од овие податоци.
“На основа на резултатите од ова истражување, потребно е да се направат напори за да се намали трошокот за роаминг за државите членики на Унијата во текот на патувањата во други земји. По 2016 година потребно е целосно да се укине дополнителното плаќање за роаминг”, рече Крос.