Поранешни шефови на Aston Martin го оживуваат Bizzarrini

44

Познатиот италијански бренд за спортски и тркачки автомобили повторно ќе биде оживеан благодарение на продажната група на луксузни автомобили во Велика Британија.

Bizzarrini е основан од страна на поранешниот инженер на Alfa Romeo, Ferrari и Iso, Џото Бизарини во 1964 година и во следните неколку години ќе произведе одреден број на спортски и тркачки автомобили. Дури има и учество на 24 часа Ле Ман, а во подоцнежните децении беше инволвиран во креирање на концептни автомобили.

Британски Autocar пренесува дека италијанската компанија наскоро би можела да ја врати својата стара слава. Pegasus Brands откри дека го оживува брендот и тоа ќе го направи со помош на тројца поранешни шефови на Aston Martin.

За водењето на компанијата ќе биде задолжен доктор Улрих Бец, поранешниот извршен директор на Aston Martin од 2000 до 2013 година. Тој ќе биде придружуван од страна на извршниот директор Кристофер Шепард кој претходно служеше како шеф на Aston Martin за Блискиот Исток и Северна Африка, додека поранешниот извршен маркетинг директор на Aston Martin, Џенет Грин е назначена за главна и одговорна за маркетингот на брендот.

Деталите околу оживувањето на Bizzarrini се ограничени во овој момент, но познато е дека компанијата ќе има бази во Лондон, Женева, Кувајт, Абу Даби и Дубаи.

Џото Бизарини ја нашол својата прва работа во автомобилскиот свет во 1953 година како инженер и возач во Alfa Romeo, кратко потоа тој презентирал специјална Fiat 500 Maccinetta Berlinetta како теза за неговата дипломска. Кратко потоа бил ангажиран од страна на Ferrari. Во 1961 година, тој бил ангажиран од Феручио Ламборгини да го дизајнира првиот специјален мотор и на крајот го креираше 3,5-литарскиот V12 целосно алуминиумски агрегат кој служеше како база за моторите на Miura, Countach и Murcielago.

Преземено oд Avtoplus.mk