Пораст на индустриското производство во октомври

43

Фото: Pixabay

Индустриското производство во октомври оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемно за 6,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2018 година, во однос на октомври 2017 година, бележи пораст од 12,9%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 6%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 7%.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во октомври 2018 година, во однос на октомври 2017 година, бележи пораст кај Енергија за 8,1%, Интермедијарни производи, освен енергија за 9,1%, Капитални производи за 6,7%, Трајни производи за широка потрошувачка за 33,3% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,3%.

Индустриското производство во периодот јануари – октомври 2018 година, во однос на периодот јануари – октомври 2017 година, е зголемено за 5,2%.