Прометот во трговијата на мало, во 2019 година, номинално и реално бележи пораст во групите/класите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун, Трговија на мало со непрехранбени производи, освен горива и Трговија на мало, освен горива, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Индикаторите за прометот во трговијата го мерат прометот во трговијата на големо и трговијата на мало и тоа во форма на номинални и реални (ценовно прилагодени) индекси, а не во апсолутни износи. Поради тоа, индикаторите служат исклучиво за следење на динамиката (развојот), а не за оценка на нивото на прометот.
Податоците што се објавуваат се дефинитивни податоци пресметани врз база на 2015 година (базна година) и во споредба со ист месец од претходната година. Пресметаните индекси се прилагодени (сезонски и календарски).
Фото: Pexels