Поскапуваат горивата

92

Бензинот Еуросупер БС – 95 поскапува за еден, а Еуросупер БС – 98 и Еуродизел (Д-Е V) поскапуваат за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Според одлуката, литар Еуросупер БС – 95 оваа недела ќе се продава по 68,50 денари за литар, Еуросупер БС – 98 ќе чини 70,50 денари, додека новата цена на дизелот ќе биде 62 денари.

Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,50 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,206 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 04.11.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 33,340 ден/кг.

Фото: Pixabay