Поскапуваат горивата од полноќ

28

benzinska-pumpa-pixabay

Фото: Pixabay

Горивата од полноќ ќе добијат нови и повисоки цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Бензините Еуросупер БС – 95 и Еуросупер БС – 98 ќе поскапат за половина денар, додека цените на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство ќе се зголемат за 1,50 денари.

Еден литар Еуросупер БС – 95 ќе чини 67 денари, додека Еуросупер БС – 98 ќе се продава по 69 денари за литар. Новата цена на Еуродизел (Д-Е V) ќе биде 54 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 42,50 денари за еден литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,794 за ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 20.02.2017 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 28,292 ден/кг.