Горивата од полноќ добиваат нови и цени повисоки за половина, односно за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Бензинот Еуросупер БС – 95 поскапува за еден денар и ќе се продава за 68,50 денари за литар. Бензинот Еуросупер БС – 98, Еуродизел (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за половина денар. Нивните нови цени ќе бидат: 70,50 денари за Еуросупер БС – 95, дизелот ќе чини 63 денари за еден литар, додека Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по 52 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,904 ден/кг и со тоа новата цена е 38,243 денари.
Фото: Pixabay