Поскапуваат горивата од полноќ

122

Бензините поскапуваат за еден, а дизелот за 1,50 денари од полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Бензинот Еуросупер БС – 95 ќе се продава за 60,50 денари за литар, а новата повисока цена на Еуросупер БС – 98 ќе биде 62,50 денари.

Еден литар Еуродизел (Д-Е V) ќе чини 53 денари, а исто толку ќе биде и цената на Екстра лесното масло за домаќинство.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,020 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката од 23.11.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 28,501 ден/кг.

Фото: Freepik