Повик од Регулаторна комисија за енергетика

53

Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија ги повикува сите заинтересирани страни да достават свои сугестии, забелешки и предлози, најдоцна до 30.07.2018 година, а кои се однесуваат на Предлог – Правилникот за сертификација на оператор на електропреносен систем и оператор на систем за пренос на природен гас.

Како што стои во соопштението од Регулаторна, сите забелешки, сугестии и предлози треба да се достават по електронски пат на официјалната е-меил адреса: [email protected]

Инаку предлог-Правилникот може да се види на веб страницата на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија.