Повисоки цени на горивата од полноќ

128

Бензините и Екстра лесното масло за домаќинство од полноќ поскапуваат за еден денар, додека новата цена на дизелот ќе биде повисока за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Еден литар Еуросупер БС – 95 ќе чини 67 денари , додека новата цена на Еуросупер БС – 98 ќе биде 69 денари. Еден литар Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава по цена од 58,50 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ – 1) ќе чини 47,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,425 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 17.02.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 33,565ден/кг.

Фото: Pixabay