Повисоки продажните цени на индустриски производи на домашен пазар во април

34

industriski-rabotnik-pixabay

Фото: Pixabay

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, во април оваа година, се повисоки за 0,1% на месечно ниво и за 0,3% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во април 2017, во споредба со март 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата Енергија за 0,4%, додека во групите Трајни производи за широка потрошувачка и Нетрајни производи за широка потрошувачка се останати на исто ниво.

Во април 2017, во споредба со април 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 1,9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,4%.