Фото: Pexels
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашен пазар, во февруари оваа година, се повисоки за 1,4% на месечно ниво и 0,7% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во февруари 2017, во споредба со јануари 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите интермедијарни производи, освен енергија за 3,3%, нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,1%, енергија за 0,7% и трајни производи за широка потрошувачка за 0,1%.
Во февруари 2017, во споредба со февруари 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите трајни производи за широка потрошувачка за 2%, енергија за 1,5% и нетрајни производи за широка потрошувачка за 1%.