Повисоки трошоци во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување

39

Фото: Pixabay

Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во третото тримесечје во споредба со второто тримесечје од оваа година, се повисоки за 1,4%, трошоците за материјали се пониски за 0,3 % и трошоците за вработените се повисоки за 5,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во третото тримесечје од 2018 година, во споредба со третото тримесечје од 2017 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 6,4%, трошоците за материјали се повисоки за 3,9% и трошоците за вработените се повисоки за 12,8%.