Американската компанија 24 Hour Fitness поднесе барање за банкрот и затвора 100 теретани. Националниот синџир на теретани поднесе барање за банкрот, откако пандемијата принудно ги затвори нивните објекти со месеци.
Неодамна, компанијата соопшти дека обезбедила 250 милиони долари средства за повторно отворање на некои од своите клубови и се очекуваше да ги отвори повеќето локации до крајот на јуни. Сепак, спортски сали на 100 локации во 14 земји сега трајно се затвораат.
“Да не беше за Ковид-19 и неговите погубни ефекти, немаше да поднесеме барање“, рече извршниот директор, Тони Убер.
24 Hour Fitness почна со работа 1985 година.
Фото: Pixabay