Познати условите за хрватскиот Kurzarbeit

126

Хрватска донесе мерки за скратување на работната недела, по примерот на германскиот Kurzarbeit, каде државата ќе ги плаќа часовите кои нема да бидат одработени. Станува збор за програма која подразбира скратено работно време, поради зачувување на работните места, а оваа германска програма почнаа да ја копираат и други земји, за да ги оправат своите економии.

Оваа мерка се однесува само на преработувачката индустрија и ќе стапи во сила месецов, а ќе трае до крајот на годината.

Работодавецот ќе мора да ги задржи работниците за кои е одобрена мерката онолку месеци колку ја користел мерката и нема да смее да исплаќа дивиденда ниту бонуси на менаџерите до крајот на 2021 година.

Фото: Pixabay