Прекини на сигналот во скопскиот регион кај корисниците на ОНЕ

61

ОНЕ и Агенцијата за електронски комуникации ги известуваат граѓаните кои следат телевизија преку дигиталната платформа на ОНЕ дека се можни прекини на сигналот во Скопје и скопскиот регион поради спроведување на втората фаза од процесот на дигитализација.

Поради спроведување на овој сложен процес, известуваат дека во периодот од 15 јули (понеделник) 2013 до крај на неделата ќе се врши оптимизација на ДВБ-Т предавателните локации на ОНЕ заради усогласување на фреквенциите.

Како што информираат од компанијата, промената на фреквенциите е обврска на ОНЕ согласно барањето на Агенцијата за електронски комуникации за усогласување на фреквенциите. Кога процесот ќе биде завршен. сите граѓани ќе бидат навремено известени со цел да направат пребарување на каналите.