Premium Delivery е мобилна апликација и веб сервис што нуди on – demand услуга за достава на пратки, користејќи напредна технологија и софтвер за геолокациско поврзување на точките за подигнување и достава на пратките. Исто така, ова решение нуди можност да се следи целиот процес на достава преку мобилните уреди и на испраќачот и на примачот.
Овој македонски старт – ап користи напредни, уникатни софтверски алгоритми за оптимизација на рутите за достава и менаџмент со пратките, а користејќи велосипеди при доставата, претставува еколошко и одржливо решение коешто заштедува време, пари и воедно не ја загадува животната средина.
“Целокупниот развоен тим на Premium Delivery е домашен и ми претставува особено задоволство што инвестицијата може да се карактеризира како 100% домашна, со што Premium Delivery е еден од ретките старт -ап компании коишто до овој стадиум на развојот не користи надворешна финансиска поддршка“, велат од Premium Delivery.
Според нив, на домашниот пазар на услуги за достава во моментот не постои решение коешто е споредливо со решението на Premium Delivery за експресна и премиум достава на пратки.
“Можноста за следење на доставата на пратка на мапа е само основната дистинкција меѓу сличните решенија, дури и во светски рамки, но сметам дека конкурентска предност на Premium Delivery е системот за менаџмент на пратки којшто ја оптимизира рутата за достава и распределувањето и групирањето на пратките со што на корисниците им се овозможува заштеда на време и намалување на трошоци за достава. Она што Premium Delivery го прави уникатен е можноста за комуникација со доставувачите, којашто пак, овозможува промена на локацијата за достава во реално време. Инстантното добивање на официјален документ како потврда за успешната достава е дистинктивен квалитет на услугите на Premium Delivery, што е додадена вредност,какоза деловните релации,така и за индивидуалните корисници“, додаваат оттаму.
Premium Delivery на пазарот на услуги за достава може да одговори на потребата на корисниците, да го обезбеди она што им треба, што е можно поскоро или тогаш кога го им е потребно, на начин како што им одговара. Premium Delivery е решение за потребите на потрошувачите и на продавачите, решение што може да го револуционизира сегментот на испорака на “последна милја“*, но и да придонесе за многу подобри деловни резултати на компаниите кои ќе го користат решението како платформа за достава на своите производи.
*последната милја е термин што се користи во управување со процесот на дистрибуција и планирање на транспортот, со цел да се опише движењето на пратките од појдовната до крајната точка.