Фото: Pixabay
Cidetec е компанија од Шпанија којашто произведува природна пластика од пердуви од живина.
Проценките покажуваат дека во преработувачката индустрија во Европа годишно се произведуваат околу три милиони тони пердуви што се неупотребливи. Но, од компанијата развиваат начин како да се искористи овој нус производ.
Во пердувите од живина има 90% кератин, па благодарение на овој протеин добиената пластика ќе биде многу силна во споредба со традиционалната пластика.
Тим од научници во овој момент работат на истражување како од пердувите може да се направи амбалажа.