Најголемиот производител на авиони во светот, Boeing, приземји 50 авиони од типот 737 NG, претходници на 737 MAX, поради откриени дефекти.
Aвстралиската Qantas е последна во низата компании што приземјила еден од овие авиони и се подготвува да испита уште 32, пишува Forbes.
Од Boeing велат дека 5% од 1.000 авиони што досега биле прегледани имале дефекти и се во фаза на поправка. Американските регулатори наредија инспекција на стотици 737 NG авиони во САД коишто комплетирале повеќе од 30.000 полетувања и слетувања.
Флотата 737 Max е приземјена од март годинава и не се очекува да полета барем до јануари 2020 година. Моделот 737 NG прв пат полета во 1997 година, а бројката на испорачани авиони во светски рамки изнесува 7.000.
Фото: Facebook