Продажбата на месо и пластични производи се намалува во светски рамки

87

Компанијата за анализа на податоци, Kantar објави извештај насловен Who Cares, Who Does? којшто покажува дека една третина од испитаниците од 24 земји се грижат за околината.

Повеќе од половина од нив или 16% преземаат активни мерки за го намалат своето лично влијание врз животната средина, меѓу кои се намаленото купување на месо и производи од пластика.

Како што пазарите стануваат побогати, фокусот на овие прашања се зголемува. Според истражувањето спроведено на 65.000 луѓе, Чилеанците вложуваат најмногу напори за зачувување на околината.

Од нив 37% се изјасниле дека на соодветен начин се обидуваат да направат промени во нивните животи, пишува Tree Hugger.

Чиле се истакнува најмногу од другите земји во Јужна Америка, коишто заедно со повеќето Азиски земји речиси и не покажуваат интерес за заштита на животната средина.

Австријците и Германците се на второ и трето место, по коишто следува Велика Британија.

Една третина од испитаниците најмногу се грижат за намалување на пластичниот отпад, за што се преземаат и најмногу мерки. Половина од нив веруваат дека производителите треба да бидат тие што ќе го преземат водството за негово намалување.

Фото: Pexels