Поради зголемен интерес, рокот за аплицирање во програмата Моја Идеја! Мој Бизнис! се продолжува до 5-ти октомври 2015 година.
Програмата е целосно поддржана од Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп, во рамките на компаниските општествено – социјални активности во Република Македонија. Проектот се спроведува во Пелагонискиот регион и ќе се реализира во периодот од октомври 2015 година до февруари 2016 година. Програмата ќе биде имплементирана од CEED Македонија и вклучува пет практични еднодневни модули за унапредување на претприемачките вештини и знаења, изготвување и имплементирање на бизнис идеи и планови, можност за менторство и коучинг од страна на докажани и успешни бизнисмени и менаџери, како и можност за аплицирање за еднократен мал грант за започнување/доразвивање на сопствен бизнис.
Кој може да се пријави?
Право на аплицирање и учество во програмата имаат сите кои се:
- државјани на Република Македонија и жители на регионот Пелагонија
- на возраст од 18 до 35 години
- имаат своја фирма (не постара од три години), бизнис план или бизнис идеја
- немаат фирма, бизнис план или бизнис идеја, но сакаат да започнат свој сопствен бизнис
Селекција
Откако ќе се процени целосноста на доставените формулари, Комисија составена од претставници на CEED и Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп ќе изврши селекција на најуспешните апликанти, кои ќе бидат повикани на кратко интервју, со цел да се изврши финалната селекција на учесници во програмата.
Како да се пријавите?
Со пополнување на формулар за пријавување кој може да го најдете на Бизнис Инфо или да го побарате со испраќање на е-маил на [email protected] и [email protected]. Пополнетиот формулар електронски треба да го испратите на следниве е-маил адреси: [email protected] и [email protected].
Рок за пријавување
Уредно и целосно пополнетите формулари треба да бидат испратени најдоцна до 5 октомври 2015 година.