Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија со значаен потенцијал за поттикнување на економски раст

46

1

Во средата, 78 сопственици на микро и мали бизниси во Македонија добија признанија за успешно завршување на Програмите за претприемачи, финансии, маркетинг, енергетска ефикасност, продажба и извоз имплементирани од Центарот за развој на претприемачи и менаџери (ЦЕЕД) Македонија, со поддршка на УСАИД преку Проектот за микро и мали претпријатија.

Господинот Џејмс Стеин, директор на мисијата на УСАИД во Македонија, им честиташе на годинешните учесници и изјави: “Една од многуте вредности што ги добиваат учесниците преку Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија се домашните и регионалните можности за вмрежување, при што сопствениците на бизниси можат да се поврзат со потенцијални партнери, купувачи или подизведувачи, надвор од нивниот вообичаен делокруг. Партнерството што произлегува од овие настани може да биде долготрајно и профитабилно.”

2

Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кој започна со работа во јули 2011 година, во вредност од 1,949 милиони долари е петгодишен проект за поддршка на микро и мали бизниси преку тренинг, вмрежување, менторство, консалтинг, поддршка на извозот и пристап до инвестициски фонд. Активностите на проектот моментно се спроведуваат во Скопскиот, Полошкиот, Вардарскиот и Југоисточниот регион и ќе се прошират на четири нови региони, со поддршка на Швајцарскиот државен секретаријат за економски работи (SECO).

5

Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија е имплементиран од ЦЕЕД Македонија кој е една од институциите во наследство на УСАИД.

6