Тимот на компанијата Интерсофт, што стои зад идејата и реализацијата на комплексот Ветрило, оваа сабота организира пролетна забава.
“Освен што ќе се уверите со свои очи во предностите на живеење надвор од Скопје, ќе ги видите сите бенефити и можности кои се нудат низ веќе готовите куќи во комплексот и ќе имате можност да се запознаете со сите наши соработници: банки, салони за мебел, фирми за греење и ладење, осигурителни компании и сл., кои ќе бидат на едно место да ги споделат со вас информациите околу услови за плаќање, попусти за целосно уредување, можности за рати, проекции на системи за греење и ладење, идеи за уредување, со цел полесно остварување на желбата за свој дом“, вели Мирослав Китановски од Интерсофт.
Сите заинтересирани кои сакаат да ја слушнат приказната за Ветрило, но и од близу да го запознаат овој комплекс, што се наоѓа позади општината во Сопиште, можат да бидат дел од забавата што ќе биде организирана од 13 до 16 часот.
“Мојот тим се погрижи за организација на забавата, музика, храна, дружење на сонце и чист воздух, се што вие треба да понесете е добро расположение“, додава Китановски.
Следува и изненадување за секој кој оваа пролет ќе избере дом во Ветрило.