Фото: Pexels
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди, но ќе има и повремени врнежи од дожд и ретки грмежи.
На места врнежите ќе бидат пообилни и се очекува да наврнат на повеќе места повеќе од 20 литри на метар квадратен. Врнежите би требало да бидат пообилни во крајните западни и источни делови на земјава.
Утринската температура ќе се движи од девет до 15, а дневната од 19 до 25 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 24 степени.