Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во ноември 2019 година, во споредба со ноември 2018 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 7,8%, а реално за 6,2%), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 22,9%, а реално за 23%), и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 15,9%, а реално за 15%).
Намалување на прометот е забележано во групата Трговија на мало, со автомобилски горива (номинално за 14,8%, а реално за 9,9%).
Фото: Pexels