Пропадна идејата за првиот сплитски “бостел”

148

traektПоради неиздавање дозвола од страна на Капетанијата, Сплит ова лето нема да го добие првиот бостел – брод кој од мај до октомври требаше да биде врзан во градското пристаниште и да служи како хостел. Со тоа пропадна една интересна бизнис иницијатива, пишува Т-портал.

Идејата беше траектот Далмација на компанијата Blue Line, долг 123 метри, во летните месеци да стои врзан во градот во кој и онака има дефицит на сместувачки капацитети и да понуди околу 500 лежаи. Само од ДДВ, државата од овој проект можеше да добие околу 330.000 евра.

Од Капетанијата во Сплит одговориле дека поради очекуваниот голем број на туристи, не можат да обезбедат едно од 40-те сидришта. Сплит е трето најпрометно патничко пристаниште на Медитеранот и прво во Хрватска.

Од компанијата Blue Line сепак се надеваат дека одговорните ќе се премислат и ќе успеат да ја реализираат својата идеја.