Првиот турски хеликоптер ќе чини 648 милиони долари

50

helokopter

Турција одвои 648 милиони долари за истражување преку кое, за прв пат, ќе започне производството на хеликоптери, пишува турскиот весник Zaman.

Овој хеликоптер ќе го произведува турската воздухопловна компанија Turkish Aerospace Industries Inc. (TAI), а проектот ќе биде реализиран во координација со Секретаријатот за одбранбена индустрија на Турција (ССМ).

Првиот турски хеликоптер ќе биде подготвен да ги извршува сите задачи во целост на 6 септември 2018 година. Секоја компонента од хеликоптерот ќе се произведува во Турција, освен моторот, кој доаѓа од странство. Но, во подоцнежното производство, компанијата Tusaş Engine Industries (TEI) ќе почне да развива сопствен мотор. Американската General Electric е меѓу странските партнери на TEI во процесот за развивање соодветен мотор за првиот турски хеликоптер.

Ова летало ќе тежи пет тони, а ќе се користи и за цивилни и за воени цели.

Хеликоптерот ќе го има и сертификатот од Европската воздухопловна агенција за безбедност.

Договорот за производство на првиот турски хеликоптер беше потпишан на 26 јули минатата година.