Првиот виртуелен бутик на Гучи

175

Gucci-boutique-Brera-Milan-by-Google-600x378

Гучи е првиот луксузен бренд од Италија кој ќе се приклучи на Google Business Photos, програма преку која клиентите можат од комфорот на својот дом, виртуелно да видат што се нуди во бутиците на брендот.

Корисниците на Google Maps отсега ќе можат да ‘патуваат’ од улиците и да отидат директно во бутикот за машка облека, кој се наоѓа во Брера, Милано и при тоа да разгледаат што се нуди во ексклузивната продавница која се простира 500 м2, на три нивоа. Бутикот, кој се отвори во јуни, е првиот бутик од Гучи посветен на мажите.

gucci-google-maps-milan-store1

Google Business Photos е всушност внатрешна верзија на Street View, кој ви овозможува да се движите во околината преку фотографии со исклучително јасна слика, вешто составени за сето тоа да изгледа како една единствена дигитална средина.