Првото електрично возило на Aston Martin ќе пристигне на пазарот во 2025 година

49

Минатата година Aston Martin собра повеќе од 780 милиони долари инвестиции за исчекорот кон електрични возила.
Британскиот гигант неодамна објави дека нивното електрично возило ќе пристигне на пазарот во 2025 година.

Како што пренесува Drive, британската марка прво планира да ја освежи својата линија на спортски автомобили, но сè уште не е познато дали постоечките ќе ги добијат своите електрични верзии или тоа ќе бидат целосно нови модели. Доколку се одлучат за првото, клиентите на тој начин би ги возеле на струја познатите DB11, DBS, Vantage и другите модели.

За да се олесни транзицијата, plug-in хибридните автомобили ќе започнат со испорака следната година, а до 2030 година планираат да понудат електрични верзии на сите нивни возила.

За проширување на пазарот на електрични возила, Aston Martin собра повеќе од 780 милиони долари инвестиции минатата година и се надеваат дека ќе имаат, како што најавија, „одржлив позитивен тек на пари“ до 2024 година.

Инаку, поради поскапувањето на возилата, приходите на Aston Martin лани се зголемени за 26 отсто на 1,67 милијарди долари. Во јануари оваа година беше објавено дека неговата пазарна вредност се проценува на 1,44 милијарди долари.