Компанијата Реплек, во период од први јануари до 31-ви март 2017 година, евидентираше добивка од 18.884.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех.
Истиот период претходната година, добивката на компанијата беше на ниво од 10.727.000 денари.
Вкупните приходи до продажба достигнаа 199.238.000 денари. Од тој износ, на домашен пазар се реализирани 71.686.000 денари, додека поголемиот дел од 127.552.000 денари е остварен на пазари во странство.
Приходите од продажба на странски пазар, како што се наведува во Образложението на билансот на успех, имаат учество од 63% во вкупните оперативни приходи и имаат зголемување од 58% во однос на истиот период минатата година.
Основна дејност на Реплек е трговија на фармацевтски производи и медицинска опрема. Исто така, компанијата има и супермаркет Хубо за најразновидни производи за домаќинство. Во портфолиото на компанијата е и трговија со долна облека, расветни тела и угостителство.