Американската стопанска комора во Македонија со поддршка на КПМГ Македонија ги публикува во електронска форма ОЕЦД Насоките за трансферни цени за мултинационални претпријатија и даночните администрации, во обид да се поттикне нивната примена во Македонија.
Со оглед на тоа што мултинационалните претпријатија играат се позначајна улога во македонската економија, расте важноста на трансферните цени подеднакво како за даночната управа така и за даночните обврзници, се вели во соопштението.
Книгата дава насоки за примена на принципот дофат на рака, кој е меѓународен консензус во однос на трансферните цени, односно вреднување, за даночни цели на прекугранични трансакции помеѓу поврзани друштва. Македонскиот јазик е 12-ти јазик на кој оваа значајна книга е досега преведена.
Целта за превод на оваа книга на дефиниции и стандарди на македонски јазик е да се овозможи заедничко разбирање и очекувања помеѓу македонските власти и мултинационалните претпријатија кои работат тука на оваа тема.
Примената на овие стандарди ќе помогне да се осигура дека оданочивите добивки не се вештачки префрлени од земјата и дека даночната основа пријавена од страна на мултинационалните претпријатија кои работат тука точно ја одразува нивната економска активност.
Книгата, исто така треба да го ограничи ризикот од двојно оданочување на мултинационалните претпријатија кои работат во Македонија, а кои немаат намера да избегнуваат даноци.
Почнувајќи од денеска, електронската верзија на книгата ќе биде достапна на www.amcham.com.mk и kpmg.com/mk.
КПМГ Интернешнл е глобална мрежа на професионални фирми кои обезбедуваат ревизорски, даночни и советодавни услуги.