Qatar Petroleum купува над 100 танкери вредни над 19 милијарди долари

125

Компанијата Qatar Petroleum потпиша договор со трите најголеми јужнокорејски бродоградилишта со цел да обезбедат повеќе од 100 танкери, чија вредност се проценува на 19,23 милијарди долари, пренесува Ројтерс.

Договорот што е потпишан меѓу Daewoo Shipbuilding & Marine Engineering, Hyundai Heavy Industries и Samsung Heavy Industries, а изградбата на танкерите ќе зафати поголем дел од нивните капацитети од 2027 година.

“Обезбедивме околу 60% од глобалните капацитети на бродоградиштата до 2027 година со цел да ги задоволиме барањата за флота во следните седум до осум години, што би значело изградба на над 100 пловни објекти со вредност од околу 70 милијарди катарски ријали“, изјави Саад ал Кааби, главен извршен директор на Qatar Petroleum и министер за енергетика.

Фото: Pixabay