Qpick – платформа за дистрибуција на дигитални флаери

168

qpickmobile

Qpick е дигитална платформа создадена од страна на двајца млади иновативци – Зоран Настески и Дамјан Димитриоски – кои со креирање на оваа апликација ја добија наградата за најдобра бизнис идеја на Охридска банка Сосиете Женерал.

Целта на Qpick е со претходно таргетирање да им овозможи на компаниите брзо и ефикасно да ги дистрибуираат нивните дигитални флаери до потрошувачите. Потрошувачите ќе можат да ги следат сите промоции и специјални попусти од сопствените смартфони, да ги лоцираат своите омилени брендови и продавници и да ги купат производите што ги сакаат уште пред да влезат во продавниците. Сето ова ќе биде овозможено преку GPS технологија којашто ќе ги поврзе бизнисите со потрошувачите и ќе им овозможи да создадат поблиска меѓусебна врска.

“Со Qpick ставаме крај на печатените флаери и отвораме простор за нов начин на рекламирање кој ќе им заштеди пари на компаниите и ќе им овозможи подетални и поточни анализи за нивните маркетинг кампањи“, вели Зоран Настески.

Нашата мисија е да го направиме дигиталниот шопинг забавен и лесен за користење за потрошувачите користејќи најнови технологии. Меѓутоа, приказната за Qpick не завршува тука. Тимот има многу планови за иднината меѓу кои и креирање шопинг асистенти (вештачка интелигенција), претворање на шопингот во форма на игра и создавање на трговски центри во виртуелна реалност.

Апликацијата може да ја симнете тука.