Фото: IndieGoGo
QuietOn Sleep се мини тампони за уши чија цел е да го елиминираат непријатниот звук на ‘рчењето, но и останатите надворешни звуци и непријатна бучава.
Според истражувањата како најголема причина зошто брачните парови не спијат заедно е ‘рчењето на еден од партнерите. QuietOn Sleep се направени да ги елиминираат ниските фрекфенции, посебно ‘рчењето.
Батеријата трае до 20 часа, а се полнат за само еден час. Потполно се безбедни за користење и се дизајнирани да бидат удобни за секое уво, а доколку корисникот сака да ги слуша надворешните звуци доволно е само еден допир. Производот е дело на стартапот QuietOn со седиште во Финска.
Мини тампоните имаат своја кампања на платформата IndieGoGо и досега има собрано 225.211 долари, од потребните 50.000 долари. Првата испорака се очекува да биде во октомври годинава.