Размислуваме долгорочно, земаме квалитетни проекти од кои излегува добра приказна

158
branislav fibernet
Бранислав Илиевски, генерален менаџер во Фибернет

Бранислав Илиевски, генерален менаџер во Фибернет вели дека живеат од препораки и дека немаат потреба да ги користат стандардните начини на поромоција.

БИ: Која беше иницијалната каписла за реализирање на Вашиот бизнис?

Тоа беше 2005 година, во време кога Словенците беа многу агресивни на нашиот пазар и бараа партнери. Идејата се роди случајно. Пријатели Словенци што веќе работеа на овој пазар, имаа потреба од локална фирма што ќе може да ги застапува овде. Во 2005 година отворивме фирма со словенечки – македонски капитал.

БИ: Дали мислите дека имате конкуренција на домашниот пазар?

Секако дека имаме конкуренција. На македонскиот пазар постојат многу фирми кои се занимаваат со одредени сегменти од нашето работење, тие и ни се мотивација за понатамошен континуиран развој. ФИБЕРНЕТ како компанија е една од ретките која нуди комплетно решение во делот на оптичката комуникација со сопствено производство на приклучни и заклучни оптички кабли, структурни кабелски системи, уреди за непрекинато напојувување UPS и дизел генераторите. Горди сме затоа што сме една од ретките фирми на Балканот со сопствено производство на приклични и заклучни оптички кабли под лиценца на ренимирана швајцарска компланија Huber + Suhner. ФИБЕРНЕТ Групацијата е активна на пазарите на Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Македонија.

БИ: Кои ви се најголемите потрошувачи?

2Со оглед на сегментите од нашето работење, присутни сме кај повеќе групи на потрошувачи. Во делот на оптичката комуникација можам да ги издвојам  телекомуникациските оператори, додека пак во делот на структурното каблирање, уредите за непрекинато напојување и дизел герераторите присутни сме насекаде, едноставно е незамислив современиот начин на живот и комуникација без оваа опрема, еден деловно-административен објект, трговски центар, болница, домаќинство итн, невозможно е да фукционира без телекомуникациска мрежа, непрекинато и резервно напојување.

БИ: Како се справувате со конуренцијата на странскиот пазар?

ФИБЕРНЕТ Групацијата е активна на пазарите на Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Македонија. Во Косово и Албанија имаме неколку партнери со кои соработуваме и тие си имаат развиена мрежа на продажба.

БИ: Дали мислите дека македонскиот пазар има капацитет за отворање на уште компании од оваа област?

Македонскиот пазар е мал и нема капацитет за отворање на нови компании. Реално, нашава држава е мал пазар, нема толку побарувања. Немаме голем пазар за некои големи глобални производствени линии, а можеме да произведуваме за надворешен пазар, бидејќи имаме соодветни ресурси и квалитетен кадар. Ако може Словенија да работи за Швајцарија и Австрија, зошто да не можеме и ние?

БИ: Дали планирате проширување на бизнисот?

Ние во принцип цело време одиме во нагорна линија. Започнавме со оптика, продолживме со бакар и постојано се прошируваме. Идејата ни е да се адаптираме на овој пазар. Кризата создаде таков систем да морате да се адаптирате во однос на пазарот и не можете да бидете истите од пред 10 години и да го спроведувате тој принцип на работа. Следиме  се што бара пазарот во рамките на овој бизнис, се трудиме да понудиме  нови решенија и со тоа да си отвораме нов пазар.

БИ: На кој начин се промовирате?

Размислуваме долгорочно и идејата ни е да земеме квалитетни проекти од кој на крај ќе излезе добра приказна. Проектите на кои работиме, ги работиме стручно, квалитетно и со соодветно едуциран кадар, се трудиме добро завршената работа да е наш промотор. Горди сме што во овие осум години имаме направено многу квалитетни проекти, а задоволните клиенти зборуваат за нас. Живееме од препораки и немаме потреба да ги користиме стандардните начини на поромоција. Еден од начините на промоција е и сопственото производството на приклучни и заклучни оптички кабли, по што сме единствени на пазарот, тоа ни е главен фокус и ни е голем промотор, а воедно и големо признание за нашата работа бидејќи ги исполнивме високо поставените критериуми од производителот HUBER SUHNER за добивање на потребната лиценца за производство.

1

БИ: Кој е вашиот најголем проект од кој сте најмногу задоволни?

Најголем проект од кој јас лично сум најзадоволен е реконструкцијата и модернизацијата на најголемиот дата центар во Македонија. Постоечката опрема што ја имаше корисникот, ја променивме со нова и инсталиравме оптичка опрема. Тоа беше голем предизвик за мене и од тогаш почна фирмата многу да расте. Тој проект ни донесе многу, во смисла дека  клиентот беше задоволен од нашата работа, со што ни се отвори можност на континуирана и долгорочна соработка. Друг проект на кој што сме горди е off grid хибриден систем за напојување на базни станици поставени на локации каде што нема дистрибутивен систем на ЕВН. Хибридниот систем работи со помош на генератор, соларна енергија и ветерница. Направивме систем, којшто претходно работеше комплетно на потрошувача на нафта, а заради потреба на оптимизација на трошоци и заштеда на енергија, по барање на корисникот изработивме хибриден систем кој ќе работи на алтернативни извори на енергија – соларни панели и ветерница.