Речиси половина во државниот БДП е од Скопскиот регион

39
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2023 година, најголемо учество во бруто-домашниот производ на Република Северна Македонија има Скопскиот Регион со 45.8 %, додека најмало учество има Североисточниот
Регион со 4.6 %.
Поголем бруто-домашен производ по жител, во споредба со просекот на Република Северна Македонија, имаат Скопскиот Регион со индекс 138.4 и Југоисточниот Регион со индекс 110.0. Сите други региони имаат бруто-домашен производ под просекот на Република Северна Македонија.