Американската компанија The north face заедно со британскиот дизајнер Кристофер Рајбен создаваат колекција од рециклирани производи. Во колекцијата се вклучени три типови на чанти изработени од рециклирани шатори, пишува Designboom.
Ремените на чантите носат натпис RÆBURN/RECYCLED, а имаат и внатрешен џеб за дополнително складирање.
Секоја од овие чанти е изработена од различни делови на стари шатори, во обид да се намали отпадот. Цените на чантите се движат од 94 до 158 евра, во зависност од моделот.