CEED Србија денеска е домаќин на годишната регионална конференција, на која присуствуваат преку 100 претприемачи од седум земји во регионот, кои во Белград ќе ги споделат своите искуства од CEED мрежата.
Покрај Јован Маџовски, генерален директор на Центарот за развој на претприемачи и менаџери (CEED) во Македонија, Србија, БиХ и Молдавија, на конференцијата свое обраќање ќе имаат и неколку претприемачи од Словенија, Хрватска, Бугарија, Србија, Косово, како и Анита Христова, косопственик и менаџер во Христови инженеринг и Васко Темелкоски, сопственик на Еуромак контрол.
CEED Македонија е дел од меѓународна мрежа на претприемачки центри кои освен во Македонија, функционираат и во Србија, Бугарија, Косово, Албанија, Словенија, Романија, Црна Гора, Полска, Босна и Херцеговина, Ерменија, Молдавија, Бангладеш, Тунис, Мароко, САД. До сега, на глобално ниво во програмите на CEED учествувале 21.000 претприемачи и бизнис поддржувачи. CEED има инвестирано седум милиони долари за претприемачите во мрежата, има 500 активни членови и 1.100 остварени менторски средби во целиот свет.