Од Македонска берза информираат дека Собранието на акционери на Македонска берза донесе одлука за реизбор на членовите во Одборот на директори.
Согласно член 166-б од Законот за хартии од вредност известуваме дека на 28.03.2024 година, Собранието на акционери на Берзата донесе Одлука за избор на членови на Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје, по што се одржа и конститутивна седница на Одборот на директори. Согласно собраниската одлука за избор на членови на Одборот на директори на Берзата досегашните членови на Одборот продолжија да ја извршуваат оваа функција и во новиот мандат во времетраење од четири години. На конститутивната седница за Претседател на Одборот е реизбран г-дин Тони Стојановски.
Согласно наведеното Одборот на директори на Берзата е со следниот состав:
- Тони Стојановски – претседател
- Ивана Гажиќ
- Нина Неданоска
- Михајло Брова Зиков
- Славчо Филипчев
- Иван Штериев
- Горан Анастасовски- независен член
- Иван Мишев – независен член.