Илон Маск го претстави најновиот прототип на хуманоиден робот развиен од Tesla.
Optimus се појави на сцената на настан во Силиконската долина, каде што им мавташе на толпата и ги крена колената.
Извршниот директор на компанијата изјави дека работата на овој модел сè уште е во тек и ќе биде пуштен во продажба за неколку години.
Роботите на Tesla за масовен пазар ќе бидат тестирани на работните места во фабриките за автомобили, соопшти компанијата.
Прототипот на роботот беше претставен за време на Денот на вештачката интелигенција, кој секоја година го организира Тесла.
Видеото покажува како Optimus изведува неколку едноставни задачи, наводнува цвеќиња, носи кутии и крева метални шипки.
Маск изјави дека ќе започне масовно производство на вакви роботи, а цената по парче ќе биде нешто пониска од 20.000 долари.