Романија станува еден од најголемите произведувачи на природен гас во Европа

51

Романија би можела да стане третиот по големина производител на природен гас во Европа, благодарение на оф-шор проектите во Црното море, пишува Romania Insider, повикувајќи се на студијата на Франсоа Реис Мутон, директор за европски прашања при Меѓународната асоцијација за производители на нафта и гас.

Потенцијалните ресурси на Романија во Црното Mоре се над 200 милијарди кубни метри, и тоа дефинитивно ќе ја промени структурата на најголеми снабдувачи со гас во Европа.

Според студијата на Делоит, пак, инвестициите во гас во Црното Море ќе генерираат доплнителни буџетски приходи од 26 милијарди долари, а ќе додадат и околу 40 милијарди долари во БДП на Романија до 2040 година.

Унгарија е првиот официјален клиент на Романија за гас од Црното Море, а првите испораки ќе почнат во 2022 година и ќе покриваат половина од вкупната годишна потрошувачка на гас на Унгарија, која сега изнесува околу 10 милијарди кубни метри. Моментално Унгарија увезува 85% од својот гас од рускиот гигант, Gazprom.

Американската групација ExxonMobil и романската OMV Petrom управуваат со најголемиот периметар за гас во Црно Море.

Фото: Pixabay