Ротаракт клуб Широк Сокак Битола во соработка и помош од Ротари клуб Широк сокак Битола, имаат чест да го претстават нивниот најнов проект, апликацијата Мој документ. Се работи за проект кој е во процес една година и конечно ги достигна своите крајни маргини. Мотив за отпочнување на оваа апикација e живеењето во брзо општество во кое постојано се создаваат нови административни процедури, како и честа промена на законите.
Со таа цел граѓаните ќе можат на брз и едноставен начин да стигнат до потребните информации како да си ги остварат своите права, односно како да стигнат до потребните документи од административна страна, стои во соопштението.
Проектот Мој документ претставува апликација во која се систематизирани информации и обрасци за повеќе од четириесет административни процедури, кои ќе им помогнат за издавање на потребните документи од шест различни институции односно, Основен суд, Фонд за здравствено осигурување, Министерство за внатрешни работи, Агенција за катастар и недвижности, Управата за водење на матични книги и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Македонија.
Апликацијата Мој документ е прикачена и достапна за оперативниот систем Android на Google Play Store и паралелно е направена и за системот iOS, во зависност од потребата на корисникот. Се планира и дополнување со уште три институции.
Апликацијата можете да ја инсталирате на Вашиот мобилен телефон на линковите подолу:
https://play.google.com/store/apps/details?id=mk.rotaraktbitola.mojdokument
https://itunes.apple.com/mk/app/moj-dokument/id1260663161?mt=8