Еден од најголемите руски производители на дијаманти, Alrosa наскоро ќе го преземе водството на пазарот со обоени дијаманти, кога ќе се затвори австралискиот рудник Аргајл.
Aвстралискиот рудник во моментов е најголем производител на ваков вид скапоцен камен, а неговото затворање е предвидено за втората половина од оваа година затоа што, по повеќе од 30 години експлоатација, неговата понатамошна работа е економски непрофитабилна, пренесува Russia Today.
Се очекува неговото затворање да има влијание врз целата глобална индустрија на дијаманти, како и дека Русија ќе стане главен снабдувач на најскапоцени камења.
“По затворањето на рудникот Аргајл, ќе станеме најголем производител на обоени дијаманти во светот и ќе ја преземеме водечката позиција на пазарот на тие скапоцени камења“, изјави директорот на Alrosa, Павел Виникин.
Oбјаснува дека неговата компанија поседува неколку производители на обоени дијаманти, како што се Severalmaz и Almazi Anabara, од кои последниот е познат по откритието на 14,83 каратниот розов дијамант со име “Душата на розата“, којшто би можел да стане најскапиот руски скапоцен камен.
Фото: Pixabay