Русија ја престигна Саудиска Арабија

61

Увозот на нафта од Русија во Кина се зголеми за 17,7% на годишно ниво, додека од Саудиска Арабија падна за 18%, објави Reuters.

“Русија во април ја престигна Саудиска Арабија како главен кинески снабдувач на сурова нафта, а увозот порасна за 18% во споредба со истиот месец минатата година“, се вели во извештајот на британската агенција којашто се повикува на податоци од главната царинска управа на Кина.

Според податоците на Главната царинска управа на Кина, увозот на нафта во Кина во април е намален за 7,5% на годишно ниво, на 9,84 милиони барели на ден.

Обемот на испораките од Саудиска Арабија во април паднал за 18% и изнесува 5,16 милиони тони или 1,26 милиони барели дневно. Русија во овој месец испорачала 7,2 милиони тони (1,75 милиони барели на ден), што е 17,7% повеќе во однос на претходната година.

Агенцијата посочува дека увозот во првите четири месеци од годината се зголемил за 1,7% во споредба со истиот период минатата година, бидејќи кинеските рафинерии ја користат предноста на цената на нафтата којашто е во пад.

Фото: Pixabay