Ryanair еден од најголемите загадувачи во Европа

46

Ирската авиокомпанија Ryanair се најде на листата топ десет загадувачи во Европа, според податоците објавени од страна на EU’s Transport & Environment.

Ова е прв пат компанија што не работи со електрана на јаглен да се искачи на првите позиции на оваа листа, пишува BBC.

Седум фабрики во Германија, една во Полска и Бугарија, исто така, се меѓу најголемите загадувачи на европскиот континент.

Иако нискобуџетната компанија лани претстави нова платформа за зачувување на животната средина, сепак податоците покажуваат дека емисиите од јаглерод диоксид пораснале за 6,9%.

Според прогнозите, нивото на загадување предизвикано од авиокомпании има тендеција да расте, со оглед на тоа што овој вид на транспорт станува подостапен. Од 2005 година па наваму загаденоста од авиокомпаниите пораснала за две третини.

Фото: Pixabay