S&P ја потврдува бонитетната оценка “A” на Груапцијата Триглав

27

triglav

На осми септември 2017 година, S&P Global Ratings ја потврди оценката “A” за долгорочен кредитен рејтинг и рејтинг за финансиска стабилност за Групацијата Триглав, а со тоа и на нејзиното матично друштво Заваровалница Триглав д.д. и нејзината ќерка фирма Позаваровалница Триглав Ре д.д. Двата кредитни рејтинзи имаат стабилна среднорочна прогноза, стои во соопштението.

Во својот извештај, агенцијата за рејтинг го оцени профилот за ризик на Групацијата Триглав како силен, земајќи ја предвид подобрената ситуација на најголемиот пазар на Групацијата, т.е. Словенија, како и силната конкурентска позиција на пазарот во Словенија и во целиот регион. Профилот за финансиски ризик на Групацијата беше оценет како многу јак. Според S&P Global Ratings, Групацијата Триглав има добра диверзификација на инвестициското портфолио, коешто е поддржано од силна капитална адекватност. Дополнително, рејтинг агенцијата во својот извештај изјавува дека Групацијата Триглав има адекватно реосигурително покритие.

S&P Global Ratings ги истакна предностите коишто произлегуваат од конзистентните стратешки насоки на Групацијата Триглав. Фокусот на профитабилност и сигурност во работењето од претходниот стратешки период беше зачуван и во новиот стратешки период. Групацијата Триглав продолжува да делува во рамките на двата столба во своето работење: осигурување и управување со средства. Позитивната оценка во доменот на развој на активности за управување со средства е од големо значење, со оглед на тоа што истиот е утврден во новата стратегија. S&P Global Ratings, исто така изрази позитивно мислење во врска со новите, развојни елементи од работењето на Групацијата, кои вклучуваат дигитализација, сеопфатно управување со клиенти, развој на нови производи и продажни канали, кои агенцијата веќе ги процени како поволни.

Кредитниот рејтинг “A” го рефлектира самостојниот профил на кредитен ризик на Групацијата Триглав и не вклучува зголемување под влијание на статусот на државна компанија. Стабилната среднорочна прогноза ги рефлектира очекувањата на S&P Global Ratings дека Групацијата Триглав ќе продолжи со ефективна имплементација на поставената стратегија и во наредните две години ќе ги одржи високата заработка, раст и многу силна капитална адекватност.