Владата на САД во јуни регистрира најголемиот месечен буџетски дефицит во историјата бидејќи трошоците за антикорона-програмите се зголемија. Исто така, приходите од даноци се намалија, бидејќи многу луѓе ги загубија своите работни места.
Министерството за финансии на САД соопшти дека дефицитот минатиот месец изнесувал 864 милијарди долари и е најголем во историјата на оваа држава, додека во април дефицитот бил 738 милијарди долари.
За првите девет месеци вкупниот дефицит е 2,74 илјади милијарди што е, исто така, рекорд за ваков период. Со тие податоци, конгресниот буџетски комитет предвидува дека годишниот дефицит ќе достигне 3,7 илјади милијарди долари.
Таа сума ќе го надмине претходниот најголем годишен дефицит од 2009 година, што беше 1,4 илјади милијарди долари поради Светската економска криза во 2008 година.
Фото: Pixabay