Само поради овие шест причини Грците може да излезат од дома

140

Во Грција е воведен 24-часовен карантин, а надвор може да се излезе само со посебни дозволи.

Во разговор за РТС, Ивана Симиќ Апостолу ги објаснува шесте причини поради кои што може да се излезе од дома во Грција. Меѓу нив се: да се оди во продавница, на лекар или во аптека, на банкомат, на свадба, погреб или крштевка, на рекреација, прошетка на домашно милениче и помош на друго лице.

Дозволата мора да се носи со себе, како и лични документи во случај полицијата да врши проверка.

“Доколку ја немаме дозволата или личен документ, казната е 150 евра. Исто така, дозвола може да се добие и преку СМС порака, па во тој случај го носиме телефонот со себе како доказ дека сме добиле повратна порака и може да излеземе надвор“, вели таа.

Некои од хотелите во оваа земја се очекува да бидат отворени во текот на јуни.

“Секако, нема збор дека сезоната ќе биде како претходните години. Владата се подготвува во мај полека и постепено да го намали карантинот и одредени региони и луѓе да бидат ослободени и нормално да функционираат. Официјални лица најавуваат дека во јуни некои од хотелите ќе бидат отворени“, вели Симиќ Апостолу.

Сè уште, како што вели таа, се разгледува можноста да се тестираат туристите кои доаѓаат во Грција.

Фото: Pixabay