Сараево бизнис форум: Отворање на 600.000 нови работни места во регионот

42

saraevo biznsi forum

Во текот на првиот ден од Сараево бизнис форум (СБФ) е потпишан договор за создавање земјоделски корпорации во рамки на кои би биле отворени стотина илјади работни места во регионот, а странските инвеститори добија и нови конкретни предлози каде можат да инвестираат, пренесува Balkan AlJazeera.

Потписници на договорот се Hassam – Државна програма за безбедност на храна на Катар, Исламската развојна банка BBI, како и синџирот супермаркети во Саудиска Арабија, Al Othaim, и во Катар, Al Meera.

Меморандумот, што беше потпишан веднаш по првата пленарна сесија на дводневниот форум, би можел да донесе и до 600.000 нови работни места во земјите од регионот.

“Сметам дека имаме добра шанса, посебно доколку се поврземе со супермаркетите, каде на некој начин го отвораме пазарот. Мислам дека тоа е еден од моделите за успех на Босна и Херцеговина, но и за земјите од регионот“, рече Амер Буквиќ, директор на Bosna Bank International (BBI).

Сараево Бизнис Форумот е платформа за регионална соработка и заедничко претставување на потенцијалите на југоисточна Европа пред деловните и политички лидери од целиот свет. Форумот и оваа, како и претходните години, ќе функционира на основа на успешно дефинираните параметри на конференцијата во Давос.

Во текот на претходните четири години, СБФ беше домаќин на најмалку 1.000 инвеститори од над 30 земји, а беа претставени повеќе од 300 проекти.