Најпрофитабилната компанија во светот, Saudi Aramco излегува на берза. Компанијата е најголемиот производител на нафта во Саудиска Арабија и има монопол во земјата. Со ова, како што велат од таму, ќе им се даде шанса на инвеститорите да поседуваат “парче“ од Saudi Aramco.
Откако доби одобрение од државните регулатори, нафтениот гигант јавно објави дека ќе продава акции на берзата Tadawul во главниот град Ријад.
“Иницијалната јавна понуда (IPO) ќе ја зголеми нашата видливост на меѓународно ниво, како водечка компанија во светот“, вели извршниот директор на Saudi Aramco, Амин Насер.
Компанијата има огромни нафтени резерви, големи количини на дневно производство, а воедно е и најголемиот извозник на сурова нафта во светот, пишува CNN.
Планот за излез на берзата е дел од политиката на саудискиот принц Мухамед Бин Салман да ја ослободи земјата од “зависноста од нафта“ и да развие и други аспекти од економијата.
Тргувањето со акции се очекува да започне на почетокот на декември.
Фото: Pixabay